Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се откаќа од настап на Мастерс турнирот во Индијан Велс, иако претходно најави дека ќе игра на турнирот.
Ѓоковиќ се наоѓа во Белград, каде што не тренира поради засега непознати причини, а својата одлука ја потврди преку Твитер.
„Жал ми е што нема да можам да играм и да се видам со воите навивачи во Индијан Велс, моето омилено место. Се надевам дека ќе се видиме догодина“, кажа Ѓоковиќ.
Поранешниот тенисер и директор на турнирот во Индијан Велс, Томи Хас кажа дека се разочарани.
„Разочарани сме што Ѓоковиќ нема да биде со нас, но се надеваме дека ќе го видиме следната годиан“, кажа Хас за американските медиуми.