Ѓоковиќ се откажа од Париз, а би можел да испадне и од топ-10 на АТП?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да настапи на мастерсот во Париз, а тоа значи дека ќе загуби поени и најверојатно ќе падне на АТП-листата.

Ѓоковиќ ќе загуби 1.000 поени кои требаше да ги брани во Париз поради тоа што ја освои титулата во минатата сезона, а доколку не настапи на завршниот турнир во Торино, тогаш ќе остане без уште 1.300 бода.

Доколку се случи такво нешто, тогаш ќе падне на само 3.910 бодови на крајот на годината, односно на праг да испадне од топ-10.

Србинот планира да се врати на почетокот на следната година, односно ќе ја почне сезоната со „лов“ на трофејот на Австралијан опен.