Ѓоковиќ се пожали: Ја почитувам традицијата на Вимблдон, но…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во четвртфинале на Вимблдон со победата против Хуберт Хуркач со 3-1 во сетови.

Натпреварот се играше два дена поради „полицискиот час“ и тоа му пречеше на српскиот тенисер.

„Мислам дека полицискиот час е тежок за поместување и го разбирам тоа, но мислам дека натпреварите можат да почнат барем во 12 часот, а не во 13.30 часот. Кога ќе помине 20 часот, знаете дека има големи шанси да не го завршите натпреварот. Така беше против Вавринка и Хуркач“, кажа Ѓоковиќ.