Ѓоковиќ се приближи до рекорд на Федерер (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го обезбеди своето 44. полуфинале во кариерата на гренслем-турнирите, а со тоа му „дише во врат“ на Роџер Федерер, кој го држи рекордот со 46. полуфиналиња.

Ѓоковиќ може да го урне рекордот на Швајцарецот уште годинава, ако му биде дозволено да настапи на последниот гренслем-турнир, Ју-Ес Опен.

На третата позиција се наоѓа Рафаел Надал, кој дури 38 пати се пласирал во полуфинале на гренслем-турнирите.