Ѓоковиќ се расплака и ја напушти прес-конференцијата: Отсуството ме боли… Се извинувам… 🎥


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ не успеа да испише историја и да го освои четвртиот гренслем-трофеј сезонава, а поразот од Данил Медведев ептен тешко му падна.

Ѓоковиќ се расплака веднаш по завршувањето на мечот, а потоа следеше емотивен говор пред публиката, како и прес-конференција со новинарите.

„Не се чувствувам старо и истрошено кога станува збор за моето тело. Секако, животот е поинаков, јас сум татко и сопруг, имам други приоритети. Сакам да бидам повеќе време со децата, тоа си го ветив затоа што… Отсуството ме боли, се извинувам…“, кажа Ѓоковиќ и ја прекина прес-конференцијата.