Ѓоковиќ се врати на тронот на АТП, Надал скокна до трето место


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно е на првата позиција на АТП-листата, а Рафаел Надал го доживеа првиот пораз оваа година, но и покрај тоа се искачи до третото место.

По само три недели, на првото место се врати Србинот, кој така ја почна 362. недела на врвот на АТП, па сега има 8.465 бодови, односно 55 повеќе од Русинот Данил Медведев.

Доколку Медведев не се пласира во полуфинале на Мастерсот во Мајами, Ѓоковиќ ќе го задржи првото место и ќе биде прв носител во Монте Карло.

Надал се искачи на третата позиција и има 7.715 бодови, па така го замени Александер Зверев, по што следи Стефанос Циципас на петта позиција, а местата ги заменија Андреј Рубљев и Матео Беретини.

Освојувањето на Мастерсот во Индијан Велс на Тејлор Фриц му донесе скок од 12 позиции до осмото место, деветти е Каспер Руд, а во топ-10 е уште и Феликс Оже-Алиасим.