Ѓоковиќ се врати на врвот на АТП-листата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се врати на првата позиција на АТП-листата, откако вчера го освои Австралијан опен по десетти пат во кариерата.

Ѓоковиќ има 7.010 бодови, односно 340 повеќе од Карло Алкараз, додека на трето место е Стефанос ЦИципас со 6.195 поени.

За Србинот ова ќе биде 374. недела на врвот на АТП-листата и се наоѓа на добар пат да го урне рекордот на легендарната Штефи Граф.

Ноле го очекува пауза до април поради повреда, па така ќе го пропушти турнирот во Дубаи, а засега не е познато ниту дали ќе настапи во Индијан Велс и Мајами.