Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги пропушти турнирите во САД и се подготвува за сезоната на земјени турнири.
Србинот ќе се бори за враќање на првото место, но и збогување на колекцијата од трофеи, а во разговор со медиумите кажа дека неговиот ривал Рафаел Надал има поголеми шанси за триумф во Париз.
„Ќе направам сè што можам за да ја подобрам формата, но Надал е ‘кралот на земјата’ и според мене е главен фаворит“, кажа Ѓоковиќ.
Гренслем-турнирот се игра на крајот од мај и почетокот на јуни, а Ѓоковиќ досега освои само две титули на турнирот.