Ѓоковиќ со господски потег ги воодушеви Британците, па му се заблагодари на хирургот


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Вит Коприва со 3-0 во сетови на стартот на Вимблдон и ја воодушеви публиката во Лондон, а по мечот кажа дека се чувствува одлично.

Ѓоковиќ, сепак, призна дека не знаел како ќе изгледа неговата игра затоа што неодамна направи операција во Париз.

„Задоволен сум од играта на теренот. Дојдов на Вимблдон под поинакви услови поради коленото. Не знаев што ќе се случува на теренот. Многу сум среќен како се чувствував и им благодарам на сите што ми дадоа поддршка. Би сакал да му се заблагодарам на хирургот кој одлично ја заврши работата. Да не беше тој, можеше да има и компликации“, кажа Ѓоковиќ.