Ѓоковиќ со најмладите соседи заигра тенис пред зграда во Белград (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ е во Белград заедно со неговата сопруга, а синоќа играше тенис пред зградата во која што живее.

Ѓоковиќ се подготвува за следните предизвици на турнирите, а притоа ја користи секоја шанса да дојде во Белград, да го посети семејството и градот.

Во понеделникот ги изненади своите најмлади соседи кога се појави пред зграда и заигра тенис со нив, а на социјалните мрежи се појави снимка како Ѓоковиќ игра со нив и пак докажа дека е голем шампион и човек.

Да потсетиме, Ѓоковиќ ја почна сезоната со трофеј на Австралијан опен, првиот гренслем-турнир во годината.