Ѓоковиќ со победа го почна турнирот во Аделејд (Видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на одличен начин ја почна новата сезона во сингл-конкуренција, па така запиша победа на турнирот во Аделејд по само 75 минути.

Негова прва жртва беше францускиот тенисер Констант Лестјен, кој го совлада со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-2 и избори пласман во второто коло.

Французинот не успеа да му парира на расположениот Ѓоковиќ, кој од прв до последен момент ги контролираше случувањата на теренот.

„За првиот меч, не можам да се пожалам. Играв многу добро. Во првите шест гемови бевме израмнети, но потоа го засилив темпото“, кажа Ѓоковиќ.