Ѓоковиќ со пораз во Австралија ја почна сезоната (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и Васек Поспишил од Канада беа поразени на почетокот на турнирот во Аделајд од Гонзало Ескобар од Еквадор и Томислав Бркиќ од БиХ со 1-2 во сетови, односно 6-4, 3-6 и 5-10.

Од стартот на натпреварот Ѓоковиќ и Поспишил го наметнаа својот ритам, а првиот сет беше решен во третиот гем, кога стигнаа до 2-1, а предноста ја задржаа до крајот.

За разлика од првиот, нивните ривали играа многу подбро во продолжение и најпрво стигнаа до 6-3, а потоа до 10-5 во третиот сет.