Ѓоковиќ со последни сили го скрши Баутиста и избори финале во Синсинати


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во финалето на турнирот во Синсинати.

Тој синоќа во драматично полуфинале по маратонска борба го совлада Роберт Баутиста Агут со 2-1, по сетови 4-6, 6-4 и 7-6.

Речиси три часа траеше борбата меѓу Ѓоковиќ и Баутиста. Во текот на првиот сет, Србинот имаше проблеми со повреда на вратот која го мачи долго време. Тоа влијаеше на неговата иигра, па Шпанецот направи два брејка во првиот сет.

По медицинската помош, Ѓоковиќ заигра многу подобро, што дојде до израз во вториот сет, кога поведе со 4-1, па го доби сетот со 6-4.

Во последниот сет се водеше огромна борба меѓу тенисерите, а Ѓоковиќ успеа да го најде лекот за противникот во тај-брејкот.