Ѓоковиќ со солзи во очите зборуваше за Шарапова: Жал ми е што вака ја заврши кариерата (ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Дубаи со триумфот против Филип Колшрајбер, па по мечот зборуваше за Марија Шарапова, која реши да ја заврши кариерата.

Најдобриот српски тенисер тешко ја прифати вест дека Шарапова се повлекла од тенисот, па кажа дека му е жал што токму на таков начин морала да се повлече.

„Само што ги слушнав вестите. Сакам да слушнам голем аплауз за неа поради тоа што го направи во кариерата. Тоа сигурно го заслужува, таа е голем борец и меѓу најпосветените луѓе во нашиот спорт. Покажа неверојатна желба да се избори со сите пречки во кариерата, посебно во последните пет-шест години. Имаше многу повреди, операции, но се бореше секогаш да излезе на теренот…“, кажа Ѓоковиќ.