Ѓоковиќ во три сета го реши Синер за финале на Вимблдон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ славеше против Јаник Синер со 3-0 во сетови, односно 6-3, 6-4 и 7-6 за пласман во финале на Вимблдон.

Ѓоковиќ играше добро од самиот старт на мечот и го натера Синер да направи голем број грешки за да го добие првиот сет со 6-3.

Србинот имаше идентичен старт на вториот сет, каде што повторно беше подобар од Синер и го доби со 6-4.

Победата ја потврди во тај-брејк на третиот сет, откако Синер пропушти две сет-топки, па со 7-4 го елиминира Италијанецот.

Ѓоковиќ во финале ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Данил Медведев и Карлос Алкараз.