Ѓоковиќ: За депортацијата од Австралија ќе раскажам сè за седум до десет дена!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се појави пред медиумите за првпат откако беше депортиран од Австралија, каде што сакаше да ја брани титулата, која на крајот му припадна на Рафаел Надал.

Најдобриот играч во светот имаше состанок во Белград со српскиот претседател Александар Вучиќ, но не зборуваше за настаните во Австралија, туку најави дека за тоа ќе зборува во следниот период.

„Сакав да се видам со вас затоа што како граѓанин на Србија почуствував потреба да се заблагодарам за поддршката за време на немилите настани во Австралија. За депортацијата ќе зборувам за седум до десет дена“, кажа Ѓоковиќ пред медиумите.

Ѓоковиќ остана прв на АТП-листата и по Австралијан опен, но Надал му избега по број на освоени гренслем-титули (21).