Ѓоковиќ за првпат откри: Не сум вакциниран!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Австралиските медиуми пишуваат дека Новак Ѓоковиќ повторно ќе биде уапсен, иако утрово Судот донесе одлука да му се врати визата, па така најдобриот тенисер во светот може да настапи на Австралијан опен.

Сега пристигна и потврда дека Ѓоковиќ не се вакцинирал, а тој им го потврди тоа на новинарите во Мелбурн.

„Не сум вакциниран“, кажа Ѓоковиќ.

Србинот во текот на изјавата кажа дека двапати бил болен од ковид-19, а последниот позитивен тест го имал на 16 декември минатата година.

Интересно е дека постојат докази дека Ѓоковиќ и тогаш се дружел со други луѓе и имал кампањи, а тоа предизвика многу критики на негова сметка.

Таткото на српскиот тенисер Срѓан Ѓоковиќ најави прес-конференција во 12 часот на која ќе бидат познати повеќе детали.