Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утре од 14 часот игра финале против Андреј Рубљев на турнирот во Србија.
Ѓоковиќ е возбуден пред финалето и кажа дека му е мило што гледа напредок во однос на минатата година.
„Важно ми е да живее овој турнир и да привлекува внимание во регионот. Покрај Умаг, единствен турнр од 250 серијата кој го имаме во регионот е овој во Белград. Има голем напредок во однос на мнатата година. Преубаво е да се види полн стадион, ќе биде прекрасно утре“, вели тој.
Србинот зборуваше и за одлуката на Вимблдон да ги суспендира руските и белоруските тенисери.
„Политика има во спортот. Не е убаво кога е така и си стојам на тоа што го кажав, нема потреба за суспензија на спортисти, посебно тенисери. Не гледам како тие имаат влијание на тоа што се случува во војната“, кажа Ѓоковиќ.