Ѓоковиќ за три недели ќе го загуби првото место, освен ако не добие помош од Надал, Циципас и Зверев!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ ја почна неговата 359. недела на првото место на АТП-листата, а на тенискиот трон е сигурен ушт три недели, но потоа не зависи од него.

Ѓоковиќ за две недели ќе загуби 2.000 бодови поради Австралијан опен, кој минатата сезона се одржа во февруари, но и потоа ќе биде сигурен на првото место затоа што Медведев губи 1.200 поени од минатата година.

Разликата ќе биде 440 бодови, по што следи незгодна ситуација за Ѓоковиќ, кој губи 500 бодови поради титулата во Дубаи во 2020 година, а Медведев така ќе има 60 бода повеќе.

Србинот не е сигурен на првата позиција ниту со титула од Дубаи, зашто Медведев ако слави во Акапулко, тогаш ќе го преземе првото место на АТП-листата барем на две недели, па поради тоа на Ѓоковиќ му треба помош од Медведев, Зверев, Циципас и Надал.

Ѓоковиќ ако продолжи вака, тогаш наскоро би можел да ја стигне и легендарната Штефи Граф, која е рекордерка со 377 недели поминати на првата позиција.