„Ѓоковиќ, заврати ги ракавите и прими вакцина!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не е вакциниран, па поради тоа ги пропушти Австралијан опен, Мајами и Индијан Велс, а до крајот на сезоната би можел да отсуствува од уште неколку турнири.

Шансите да се натпреварува на Ју-Ес Опен се мали, зашто американските власти не дозволуваат влез на странски државјани кои не се вакцинирани.

„Јас сум професионален тенисер, не се мешам во политика затоа што тоа не ме интересира. Имам свој став“, кажа Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ не може да игра ниту во Канада, а директорот на турнирот Ежен Лапие испрати јасна порака до Србинот.

„Ситуацијата е јасна. Или Канада ќе ги промени условите или ќе мора Новак да ги заврати ракавите и да прими вакцина“, кажа директорот на турнирот.