Ѓоковиќ заврши на операција во Париз, познати се деталите!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имал успешна операција во Париз, откако го повреди десното колено во осминафиналето на Ролан Гарос против Франсиско Серундоло.

Првичните информации се дека Ѓоковиќ имал успешна операција, а за среќа нема големо оштетување на менискусот и ќе игра за Олимписките игри.

Засега се шпекулира дека Ѓоковиќ нема да настапи на Вимблдон, односно неговиот фокус ќе биде само на игрите во Париз.

Според некои информации, Ѓоковиќ ќе паузира околу три недели пред да се врати на тренинг.