Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот шампион Шкупи одигра 2-2 на гостувањето кај Динамо Загреб во првиот меч од второто коло во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ).
Шкупи водеше со 1-0 по голот на Бразилецот Кевен, но македонскиот репрезентативец Аријан Адеми во завршницата од првото полувреме погоди за 1-1.
Петковиќ постигна гол за целосен пресврт во 86. минута, но потоа Ливаковиќ направи голема глупости и му овозможи на Георгиев да стрела за 2-2.
Реваншот меѓу Шкупи и Динамо Загреб се игра во Скопје за една недела.