Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Стеф Кари ќе го пропушти следниот натпревар на Голден Стејт поради повреда.
Како што известува Шамс Чанарија, најдобриот играч на „воините“ има повреда на задната ложа, што ја доби на последниот натпревар против Минесота.
Најдобриот стрелец на сите времиња мора да ги одработи терапиите за да се опорави што побрзо и да се врати во серијата, а ќе отсуствува најмалку еден натпревар.
Постои можност дека Кари ќе одмара цела недела, што би значело дека ќе пропушти три натпревари.
Голден Стејт славеше во првиот натпревар против Минесота со 99:88. Следниот ќе се игра во ноќта меѓу четврток и петок, а почетокот е закажан за 2 часот и 30 минути.
Фото: Принтскрин