Голден Стејт го загуби и вториот меч против Сакраменто (Видео)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Сакраменто кингс славеше со 114-106 во вториот меч против шампионот Голден Стејт вориорс во плејофот на НБА-лигата.

Голден Стејт имаше добар почеток, по што почна кризата, а тоа го искористи Сакраменто и ја доби втората четвртина со 41-29.

Кошаркарите на Сакраменто во продолжение од мечот ги натераа гостите често да грешат и ја заслужија втората победа во меѓусебните дуели.

Стеф Кари беше најдобар со 28 поени, додека Деарон Фокс и Дамантас Сабонис постигнаа по 24 поени за Сакраменто.

Филаделфија синоќа славеше со 96-84 против Бруклин, па така поведе со 2-0 во плејоф-серијата.