Голден Стејт како да е проколнат: Кари си ја скрши раката (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првата ѕвезда на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари ја скрши раката во мечот против Феникс Санс. Тој падна на раката, а дополнителен проблем му направи и Арон Бејнс, кој му седна на неа.

Кари не можеше да го продолжи мечот, па го напушти теренот, а по прегледот било соопштено дека го скршил зглобот на раката, како и скочниот зглоб, но таа повреда е од полесна природа.

Ова е уште еден голем удар за Вориорс, кој сезонава се соочува со огромни проблеми, зашто претходно останаа и без Клеј Томпсон, кој се повреди во финишот на минатата сезона.

Серијата повреди им се случи минатата сезона, па тогаш се повреди Кевин Дурант, кој потоа си замина од клубот, како и Демаркус Казинс, но сега најголем проблем е повреата на Кари.