Голден Стејт остана без Стеф Кари – му настрада стапалото!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голден Стејт вориорс беа поразени од Бостон селтикс со 88-110, а уште по првото полувреме беше јасно дека воините ќе имаат тешка мисија против денешниот ривал.

Уште потешко им беше кога во втората четвртина од мечот се повреди Стеф Кари, кој мораше да го напушти теренот затоа што му настрада стапалото.

Маркус Смарт од Бостон ја зема топката, но со својата тежина падна врз левата нога и стапало на Кари, кој не можеше да го продолжи натпреварот.

Оваа повреда на Кари доаѓа само 48 часа, откако тој, Клеј Томпсон и Грин во вторникот заиграа заедно за првпат по повеќе од три години.

Грин се врати на теренот по два месеци пауза поради повреда на грбот и потколеницата, а претходно Томспон пропушти две ипол сезони поради скинат преден вкрстен лигамент и Ахилова тетива.