Голден Стејт загуби од Сакраменто на стартот на плејофот во НБА (Видео)


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Сакраменто кингс го изненади шампионот Голден Стејт вориорс со 126-123 во првиот натпревар во плејофот.

Деарон Фокс постигна 38 поени за победничкиот тим, додека Монк му помогна со 32 поени. Кај Голден Стејт најдобар беше Стеф Кари со 30 поени.

Њујорк никс направи изненадување на првиот меч против Кливленд кавалирс и славеше со 101-97, а најефикасен на паркетот беше ДОнован Мичел со 38 поени.

Вечерва се играт уште четири натпревари, а Мемфис и Лејкерс играат од 21 часот.