Голем број ѕвезди на Реал Мадрид барале отказ за Анчелоти!?

Тренерот Карло Анчелоти наводно ја загубил довербата во соблекувалната на Реал Мадрид, објави „Ел Гол Дигитал“.

По двата последователни порази од Барселона и Милан се појавило незадоволство кај „кралевите“ и голем број ѕвезди побарале оставка од Анчелоти.

Меѓу најгласните кои барале отказ за италијанскиот стратег наводно биле Федерико Валверде, Ферланд Менди, Килијан Мбапе, Орелиен Чуамени и Едуардо Камавинга.

Реал Мадрид по 11 одиграни кола се наоѓа на второто место во Ла Лига со 24 бодови.