Голем гест на Аланијаспор: Ќе им ги исплатат сите пари од договорот на починатиот фудбалер!


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Несреќниот фудбалер на турски Аланијаспор почина во сообраќајна несреќа на минибус, кој пренесуваше осум фудбалери.

Минибусот го изнајмија токму фудбалерите на клубот, а турската полиција направи извештај и заклучи дека несреќата се случила, откако заспале двајцата возачи.

Возачите се менувале зад воланот, а во момент на несреќата двајцата заспале по што минибусот се преврте неколку пати. Итната помош брзо стигна, но за Јозеф Шурал немало спас.

Раководството на турскиот прволигаш реши да ја исплати целата сума од договорот на фудбалерот на неговото семејство и така ја воодушеви јавноста.

Шурал пред три ипол месеци стигна во клубот, а требаше да биде засилување за наредната сезона, но на крај несреќата го спречи во тоа.