Голем гест на Мурињо пред мечот со Шкендија: Му вети фотографија на македонски новинар во чест на неговиот татко


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тотенхем во четврток гостува во нашиот главен град каде ќе биде противник на Шкендија во третото коло од квалификациите за Лига Европа.

Жозе Мурињо на денешната прес конференција пред тој натпревар доби неочекувано барање од еден македонски новинар.

Станува збор за новинарот на спортскиот проект „Полн погодок“, Игор Александровиќ кој го замоли Мурињо да се фотографираат во Скопје за фотографијата потоа да ја однесе на почивалиштето на неговиот покоен татко кој бил голем почитувач на ликот иделото на Жозе Мурињо.

„Кога беше многу болен ми рече ако некогаш ве видам да направам фотографија со вас. Тој имаше голема почит кон вас. Ако ми дозволите да се фотографирам со вас, таа слика ќе ја урамам и ќе ја ставам на неговото вечно почивалиште. Ако натпреварот мине добро за вас и вашиот тим, дали би ми дозволиле да го направам тоа? “-гласеше прашањето на Александровиќ, на што следуваше одговор од Мурињо.

„Фотографијата нема врска со исходот од мечот. Ќе го направиме тоа. Ако може да се сретнеме пред натпреварот, ќего направиме тоа и тогаш, можеби ќе биде полесно така. Ако не ќе го направиме тоа после натпреварот. Ќе ми биде задоволство на тој начин да оддадам почит на вашиот татко“ –одговори Мурињо.