Голем гнев во Мадрид: Ѕвездите на Реал брутално ги навредуваа судиите, еве што им викале


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


По поразот на Реал од Селта на Бернабеу во претходното коло на Ла Лига и бегството на Барса на четири бода, голема криза го тресе Кралскиот клуб.

Често немоќта предизвикува гнев, и токму така изгледаа играчите на Реал против во последно време фуриозниот тим од Виго. Главна мета беа судиите, кој друг.

Сцени на протести и навреди кон судијата упатени од играчите на Реал до главниот судија Кинтеро Гонзалез и неговиот судиски тим во завршницата на натпреварот и по него беа брутални. Мадридските не се воздржуваа, телевизиските камери лесно ги фатија како нападнуваат судиите со рафална палба.

Камерите се фокусираа на Џуд Белингем токму кога му пријде на четвртиот судија и лутито извика: “Проклет идиоте”. Англичанецот требаа да го смират неговите соиграчи за да спречат ескалација.

Тоа не беа единствените протести. Родриго исто така е снимен како му приоѓа на судијата, покажувајќи на грбот на Реал и викајќи: “Треба да покажете почит, гледајте каде сте.”

Винициус исто така се обрати на главниот и четвртиот судија по исклучувањето на Ендрик.

“Дајте уште, уште црвени картони, дајте црвени картони на сите. Вие сте секогаш исти, секогаш исти”, викаше Бразилецот.