Голем интерес за младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Младиот и талентиран фудбалер на Манчестер Јунајтед, Џејмс Гарнер привлече голем интерес од англиските екипи.

Фудбалерот од средниот ред на кого му предвидуваат одлична иднина по крајот на оваа сезона ќе замине на позајмица, веројатно во клуб од Чемпионшип лигата.

За Гарнер постои сериозен интерес о од Свонси, Шефилд Вендсдеј, а за него се распрашува и члент на Премиер лигата, Шефилд Јунајтед.

Сите тимови би го добиле младиот, 19 годишен фудбалер кој оваа сезона во дресот на Манчестер Јунајтед одигра осум натпревари.

Освен Гарнер, клубот од Манчестер Јунајтед на привремена основа ќе го напушти и Дилан Левит за кого исто така има интерес од Чемпионшип лигата.