Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот фудбал слави јубилеј од 27 години од првиот меѓународен меч. на 13 октомври 1993 година во Крањ, Македонија како независна држава играше против Словенија и запиша триумф од 4-1.
На тој натпревар за Македонија настапија: Зоран Мицевски, Кире Грозданов, Зоран Јовановски, Драги Канатларовски, Чедомир Јаневски, Илија Најдоски, Зоран Бошковски, Љупочо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски, Тони Мицевски – тоа беше стартниот тим, а од клупата шанса добија: Неџмедин Мемеди, Горан Георгивски, Ванчо Мицевски и Сашо Милошевски. Селектор на тогашната селекција беше Андон Дончевски.
Македонија отвори многу брзо, во третата минута преку Бошковски, потоа најпознатиот во тимот Дарко Панчев зголеми на 0:2, Јаневски погоди за 1:3, а конечните 1:4 ги постави Драган Канатларовски.