Голем малер: Ројс во солзи – поради повреда нема да игра на СП? (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс доживеа тешка повреда во мечот против Шалке (1-0).

Капитенот на екипата го повреди скочниот зглоб во 28. минута, а три минути подоцна беше изнесен со носилки.

Ова му падна многу тешко, па Ројс се расплака додека го изнесуваа од теренот, а исто така оваа повреда може да го избрише од списокот на патници за Катар.

Тоа би било дури петти пат во кариерата да не настапи на големо натпреварување повреда повреда, што е уште еден доказ за тоа колку голема малер е Ројс.

Ројс ги пропушти Европските првенства во 2012 и 2016, и тоа поради повреда во последниот подготвителен меч, додека поради повреда не играше на Мундијалот во 2014 и ЕП минатата година.