Голем пресврт во најава: На крајот Хименез не оди во Манчестер?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вулверхемптон и Јувентус, наводно, се на работ на договор и Раул Хименез треба да се пресели во редовите на италијанскиот шампион.

Мексиканскиот напаѓач се воодушеви од игрите во дресот на Вuлверхемптон и беше на мета на Јунајтед, наводно чекор близу до преселба на „Олд Трафорд“, но најновите информации говорат дека тој е најблиску со Јувентус во моментот.

Напаѓачот, кој има постигнато 26 гола на 53 натпревари, вреди најмалку 100 милиони евра според мислењето на менаџерот на Вулверхемптон, додека Јуве претходно беа подготвени да платат 50 милиони евра. Сепак, се чини дека клубовите се најдоа на „половина пат“ и дека за околу 80 милиони, овој Мексиканец ќе отпатува за Торино.

Ако тоа се случи, тој ќе стане најскапиот мексикански фудбалер во историјата.

Волверхемптон, пак, веќе бара замена и досега се фокусираше на друг Португалец.

Станува збор за Паулињо од Брага, кој минатата сезона постигна 25 голови на 48 натпревари. Токму Нуно Санто, тренерот на Волците, кој е еден од најголемите фанови на Брага од кого сака да го купи голгетерот.