Голем пресврт за иднината на Рамос: Италијанците го селат далеку од Мадрид, но…


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Италијанските медиуми објавија дека Јувентус само чека момент кога ќе тргне по Серхио Рамос и најверојатно тоа треба да биде во следниот преоден рок.

Тие објавија дека договорот бил постигнат меѓу двете страни, но од тоа нема ништо, барем така пишува шпанска „Марка“.

Новинарите на шпанските медиуми објавија дека Реал Мадрид се договорил со Рамос и наскоро ќе потпишат нов договор.

„Рамос набрзо ќе потпише нов договор со Реал Мадрид и тоа не е ништо ново. Никакви проблеми засега не постојат. Тој сака да игра за Реал Мадрид и Флорентино Перез го сака во клубот“, пишува во нивната објава.