Голем проблем за Роналдо: Во истрагата на полицијата се вклучи и ФА


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо се наоѓа на голем удар од светската јавност затоа што по мечот со Евертон удри дете со аутизам и го повреди, а притоа му го скрши телефонот.

Роналдо беше изнервиран поради поразот на Манчестер јунајтед, па го истури бесот врз невиното дете кое за првпат било присутно на стадион.

Мајката на навивачот се пожали дека син ѝ имал аутизам и поради овој потег планира да го тужи Роналдо, а во целиот случај се вклучи полицијата.

Освен полицијата, истрага ќе води и Фудбалската асоцијација на Англија, при што португалската ѕвезда би можела да добие жестока казна.