Голем шок за Ливерпул: Конате блиску до трансфер во Челси!?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Челси предложи 43 милиони фунти (приближно 50 милиони евра) за да го ангажираат Ибрахима Конате, дефанзивецот на Ливерпул. Овој француски репрезентативец е еден од главните столбови на одбранбената линија на „Енфилд“ откако пристигна од РБ Лајпциг во 2021 година.

Во изминатите сезони, Конате стана незаменлив во одбраната на „црвените“, комбинирајќи физичка издржливост со сигурност и одлично позиционирање. Интересот на Челси покажува дека лондонскиот клуб е решен да инвестира сериозно во зајакнување на својата дефанзивна единица.

Ако Ливерпул ја одобри понудата, тоа ќе се смета за едно од најголемите изненадувања во текот на тековниот трансфер период, со оглед на влијанието на Конате во тимот и неговиот долгорочен договор со клубот.

Фото: Принтскрин