Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Камерунската легенда Самуел Ето го стресе голем скандал откако се појавија аудио снимки, според кои може да се заклучи дека местел натпревари во првенството на Камерун.
Порталот „Камфут“ објави аудио материјали на кои може да се слушне Ето во разговор со првиот човек на Викторија јунајтед.
Тоа е клуб од втората лига на Камерун, а разговорот бил снимен на почетокот на јануари. Ето договарал како клубот да влезе во првата лига до крајот на сезоната.
Викторија во тој период била осма, а на крајот на минатата сезона се пласира во првата лига.