Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси бара нови засилувања пред почетокот на новата сезона, а на праг е да потпише со Рахим Стерлинг од Манчестер сити.
Специјалистот за трансфери, новинарот Фабрицио Романо објави дека Челси испратил нова понуда од 45 милиони евра до актуелниот шампион.
Стерлинг има договор со „граѓаните“ до следното лето, а засега не преговара за нова соработка бидејќи нема простор за игра во тимот на Пеп Гвардиола.
Манчестер сити претходно ја одби понудата од 30 милиони евра за Стерлинг, но наводно ја прифатиле таа од 45 милиони евра, па наскоро се очекува реализација на трансферот.
Агентите на англискиот репрезентативец веќе почнале преговори за личните детали од договорот.