Голем удар: Милан остана без еден од најважните играчи


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан се соочува со сериозни проблеми пред продолжение на сезоната, затоа што голманот Мајк Мењон поради повреда ќе отсуствува до крајот на октомври.

Мењон е еден од најважните играчи на Милан, затоа што е заслужен за освојување на титулата во минатата сезона, додека без него „росонерите“ имаа сериозни проблеми.

Тренерот Стефано Пиоли нема премногу избор во моментов, па ќе мора да смета на Антонио Миранте или Чипријан Татарушану, кој во моментов делува како подобра опција и минатата сезона неколку пати го спасуваше својот тим кога беше најпотребно.

Мењон од ноември би требало повторно да застане меѓу стативите на Милан и да му помогне во битката за одбрана на пехарот.