Голем удар за Еден Азар, нема да биде подготвен ни за Европското првенство


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите светски играчи, Еден Азар дефинитивно ќе има сезона за заборав поради повредите кои го пратеа по неговиот трансфер во Реал Мадрид.

Поради повредите не покажа речиси ништо во новиот клуб, а по операцијата во Далас јасно е дека навивачите на „Кралскиот клуб“ ќе ја чекаат следната сезона да видат што Азар може да им понуди.

Поранешниот фудбалер на Челси ја оперираше фибулата на зглобот од десната нога и според првите информации најбргу може да се врати за два и пол месеци, но тоа би се случило во најдобар можен случај за него.

Тоа значи дека клупската сезона за него е завршена, а сериозно е доведен во прашање и неговиот настап на Европското првенство.