Голема казна за Вимблдон: Нема бодови на турнирот, ќе се игра само за престиж!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Оваа година на Вимблдон нема да се игра за бодови, туку за престиж. Тоа е казната која ја добија организаторите затоа што ги суспендираа Руските и Белоруските тенисери.

Тоа што се најавуваше стана реалност, па АТП ја објави официјалната одлука и реши да ги казни организаторите на третиот гренслем-турнир во сезоната.

„Можноста да се забрани на некој тенисер да учествува на турнир на база на спортско натпреварување и без дискриминација е важна за АТП. Одлуката на Вимблдон да ги казни руските и белоруските спортисти го руши интегритетот на нашиот систем. Нема да се доделуваат бодови оваа година на турнирот“, соопштија од АТП.

Вимблдон е закажан од 27 јуни до 10 јули.