Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
Младиот фудбалер на Барселона Ламин Јамал (17) стана тема на јавноста по неговата спектакуларна изведба против Интер во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите.
Натпреварот заврши со резултат 3:3, а тинејџерот од Барса со своите мајстории на терен ги восхити светот.
Постигна неверојатен гол, двапати ја погоди рамката на голот и со своите чудесни дриблинзи ги доведуваше во лудило искусните фудбалери на Интер.
Приказните за суперталентираниот репрезентативец на Шпанија ги преплавија светските медиуми, а една од најинтересните ја приложи шпанскиот „Трибун“.
Шпанскиот портал објави неверојатна приказна за името на младиот ас на Барселона.
На дресот му пишува Ламин Јамал, но ниту едно име што го носи не произлегува од семејството. Имено, неговото полно име е Ламин Јамал Насрауи Ебана. Насрауи е презиме на таткото, Ебана на мајката, а Ламин Јамал се неговите лични имиња кои ги доби во чест на двајца сосема странци кои помогнале на неговото семејство во најтешките моменти.
Ламин и Јамал му помогнале на неговиот татко во младоста. Во најтешкиот период од животот му помогнале да не остане без кров над главата, па тој се заколнал дека еден ден, ако има син, тој ќе се вика по луѓето кои беа со него кога му беше најтешко. Добил наследник и го исполни своето ветување.