Голема трагедија го погоди семејството на Маркињос


Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Маркињос, капитенот на ПСЖ и фудбалската репрезентација на Бразил, имаше неколку тешки и ужасни денови зад себе.

Додека Маркињос беше во Бразил со репрезентацијата, каде што играше натпревари против Колумбија и Аргентина, неговата сопруга Карол Кабрино заврши во болница. Подоцна двајцата се јавија и открија дека го изгубиле бебето што го очекуваа. Карол имала спонтан абортус во деветтата недела од бременоста.

Таа ја сподели својата приказна на социјалните мрежи.

„Понеделник беше ден за ултразвук, за да го слушнам чукањето на срцето на бебето. Отидов на преглед сама, чувствувајќи се малку нервозно. Кога стигнав таму, не се слушаше срцево чукање, а бебето не се движеше. Мојот сон за четврто дете не се оствари, а моето бебе стана ангел“, напиша 31-годишната Карол на Инстаграм.