Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Страшна трагедија се случи во Тајланд за време на еден фудбалски турнир. Млад фудбалер почина откако го удри гром за време на натпреварот во Тајланд.
Трагедијата се случи на стадионот „Сантипап“ за време на полуфиналето на регионалниот турнир FA Голок куп 2026. Гром удри во тревникот на стадионот во Наративат.
Крилниот играч на ФК Јала, Софван Аве (24), беше пренесен во болница во критична состојба, откако се обидоа да го реанимираат на теренот, но не можеше да биде спасен. Повредени се уште 12 фудбалери кои се задржани на клиника за лекување. Некои од нив имаат потешки изгореници на телото.
Фудбалер загина по удар од гром среде натпревар во Тајланд. (внимание, груби кадри!)
Трагедијата се случи на регионалниот турнир Голок FA Cup 2026 во провинцијата Наративат.
Според првични информации, уште девет лица се повредени. pic.twitter.com/0iO5YoQpyO— Сонливиот Топотун (@PZTopotyn66) 5 август 2026
















