Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед се подготвува за значајна реконструкција на својот тим во претстојниот летен трансферен период.
Овој план вклучува и разделба со неколку играчи кои имаат високи плати, што ќе му овозможи на клубот да го намали буџетот и да генерира нови финансиски средства во износ од околу 200 милиони фунти.
Најпрво на списокот за продажба се играчи кои веќе се наоѓаат на позајмица – како Маркус Рашфорд, од кого се очекува приход од околу 50 милиони фунти, Џејдон Санчо со проценета вредност од 30 милиони, додека трансферот на Ентони би донел слична сума, а Тајрел Маласија има потенцијална цена од 10 милиони фунти.
Клубот, исто така, е отворен за преговори за продажба на некои од поискусните и поскапите играчи. Бразилскиот играч Каземиро и голманот Андре Онана се дел од тие разговори, а за нив интересираат клубови од Саудиска Арабија. Очекувањата се дека од овие трансфери ќе се добијат дополнителни 20 милиони фунти.
Најголемо внимание привлекува случајот на талентираниот аргентински офанзивец Алехандро Гарначо.
Фото: Manchester United/FB