Големи проблеми за Солскјер: Од репрезентацијата на Англија повлечен Арон Ван Бисака поради повреда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед кој на почетокот на сезоната се покажа во најдобро светло, Арон Ван Бисака го напушти тренинг кампот на селекцијата на Англија поради повреда.

Десниот бек за прв пат доби шанса во сениорскиот тим на Англија, меѓутоа ќе почека за деби затоа што заработил повреда на тренинзите која ќе го оддалечи одреден период од терените.

Ван Бисака се најдев о конкуренција за најдобар играч на Манчестер Јунајтед за месец август заедно со Хари Мегваер и Даниел Џејмс.

21 годишниот десен бек веднаш се вратил во Манчестер каде ќе ги добие потребните третмани, а датумот на неговото враќање се уште не е познат.