Големо обезбедување околу ковчегот на Марадона: Знаме и легендарниот дрес се над него!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Диего Армандо Марадона почина вчера од срцев удар и така светот остана без уште една спортска легенда.

Ковчегот со телото на Марадона стигна во претседателската палата, а таму ќе биде изложен до неговиот погреб.

„АС“ доби фотографии од внатрешноста на палатата. Ковчегот на Марадона е прекриен со аргентинско знаме и дресот на Аргентина со бројот 10.

Секако, има и големо обезбедување околу него и никој не може да му се приближи на ковчегот.