Големо олеснување за „ѓаволите“: Давид Де Геа потпиша нов договор со клубот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Конечно е ставен крај на сите шпекулации поврзани со иднината на шпанскиот голман од редовите на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа.

Шпанецот се согласи на нов договор кој ќе биде со траење од четири години и ќе истече во јуни 2023 година.

„Пресреќен сум што Давид ја посвети долгогодишната иднина во клубот. Во претходните години Давид докажа дека е најдобриот во светот и дека е круцијален дел од Манчестер Јунајтед, каде што припаѓа. Давид е фантастична личност“ –истакна Оле Гунар Солскјер кој не го криеше задоволството по овој чин.

Се верува дека Де Геа ќе заработува по 375.000 фунти неделна плата.